Цела естрада во Штип ќе пее за д-р Бојаџиева
Најпотребно на човекот му е човековата подадена рака. Раката што нуди топлина, сочуство, братство. Секогаш кога ќе сме во ситуација некому да му подадеме рака за спас да му ја подадеме, зашто само човекот може да му помогне на човекот. Затоа да бидеме сите братски расположени, да го понудиме она што во природата на човекот го има - добрината, сочувствувањето и да помогнеме со скромни средства нашата драга сограѓанка д-р Евица Бојаџиева повторно да испраќа здрава насмевка кон своите најблиски, но и кон светот што во овој миг на болка братски ја прегрнува - се вели во поканата за големиот хуманитарен концерт закажан следниот петок во штипскиот клуб Мистик.
Дел од најголемиот хуманитарен концерт досега организиран во градот под Исарот (на 23 октомври) ќе бидат Урош Туркулов од Икс Фактор, Тони Зен, Роберт Билбилов, Димитар Андоновски, Александар Белов, Влатко Илиевски, Зои Блаж, Емил Арсов, Коки со Тајфата, Маја Вукичевиќ, Дарко Илиевски, Зоран Илиев и групата Дрти Сајс ...
Организаторот на настанот Миро Кацаров открива дека освен средствата од влезниците кои ќе чинат симболични 100 денари, ќе бидат донирани и средствата собрани од продажба на пијалаците. Собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето и операцијата што треба да се изведе во Кина.

0 comments: