Секој има барем една ноќ во која ги истура сите емоции!
Неемотивните предатори барем еднаш заплакуваат посилно од сите други.
И токму така и оние луѓе кои ви изгледаат најсилно, кои не ја тргаат насмевката од своето лице, а животните удари ги поднесуваат без да потклекнат и патетично да лелекаат дека животот е суров, токму тие знаат понекогаш да се склопчат во креветот, да плачат до истоштување и да си ја кубат косата, токму тие после сите стоечки претрпени удари знаат да клекнат пониско од кого било. Нивната снага во тој миг не може да поднесе ниту грам болка, ниту најмало потиснување, ниту зрак неправда повеќе…
Тие од петни жили се борат низ насмевка да страдаат и апсолутно никој да не може да ѕирне што се крие под површината затоа што сметаат дека луѓето имаат доволно свои проблеми за да ги заморуваат со нивните. Често токму поради тоа се перципирани како бесчувствителни, па дури и сурови. Но зошто да се кука за нешто кое мора да биде така како што е предодредено, зошто да се шират негативни вибрации наоколу кога ситуацијата мора да се прифати таква каква што е сервирана и да се продолжи понатаму?
Иако обвинети за неемотивност, овие луѓе се пример за храброст пред другите. Тие се идоли на сите оние размрсулавени девојки кои си дозволуваат да плачат откако ќе одлучат да го остават момчето или на оние момци кои би клекнале и на коленици ако претпоставените го побараат тоа од нив, а да не зборуваме за скршен нокот, скинати хулахопки, продадено последното бројче од омилениот капут… Не, такви баналности не ги допираат ниту во лудило!

0 comments: