Apple: iPhone 6 и 6 Plus од 31 октомври достапни во Македонија
Apple соопшти дека најновите смартфони iPhone 6 и 6 Plus од овој месец ќе бидат достапни меѓу 36 нови држави во светот меѓу кои е и Македонија, каде промоцијата треба да се случи на 31 октомври.
Со тоа достапноста на новиот уред ќе се зголеми на 69 држави до крајот на месецот, а планот е до крајот на годината популарниот смартфон да биде достапен во вкупно 115 земји.
Овој петок телефонот ќе се појави на пазарот во Кина, Индија и Монако,
Покрај во Македонија, новите смартфони на Apple од 31 октомври ќе бидат достапни и во Албанија, Босна, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Словенија и уште неколку други држави во светот.
Повеќе информации може да прочитате на сајтот на Apple.

0 comments: