Google ги претстави Nexus 6, Nexus 9 и OS Android Lollipop
Google синоќа претстави два нови уреди и новиот оперативен систем. Станува збор за фаблетот Nexus 6 што Motorola го произведе за Google, таблетот Nexus 9, како и оперативниот систем Android Lollipop.
Nexus 6 и Nexus 9 се првите уреди кои ќе го користат новиот оперативен систем Android 5.0 Lollipop, што претходно беше најавен како Android L.
Nexus 6 има 6 инчен Quad-HD екран со резолуција од 2560x1440 пиксели со густина од 493 пиксели по инч. Во телефонот се вградува Qualcomm Snapdragon 805 процесорот со работен такт од 2,7 GHz и четири јадра, а располага со батерија од 3220mAh. Камерата има 13 мегапиксели. Нарачките ќе бидат отворени од крајот на месецов, а продажбата ќе стартува од следниот месец.
Таблетот Nexus 9 располага со 8,9 инчен екран, 2,3GHz 64-битен Nvidia Tegra K1 процесор и батерија од 6700mAh. Ќе бида достапни две верзии со 16 и 32 GB.
Оперативниот систем Android Lollipop носи различни подобрувања во визуелниот дел како и промени во корисничкиот интерфејс, што Google го нарекува Material Design. Платформата има нови пофлуидни анимации, почист дизајн и похрабар пристап кон боите, ново мени за мултитаскинг и нуди нови можности за гласовни команди.
Lollipop има и нови контроли за нотификациите кои овозможуваат нивно ограничување за време на состаноци, нов мод за зачувување на батеријата кој може да извади до 90 минути повеќе меѓу двете полнења, можности за повеќе кориснички профил како и профил за гости, како и нови мерки за безбедност на уредот.
Покрај овие работи Google го претстави и Nexus Player кој е уред за стримување на разни содржини.

0 comments: