Eксклузивно

8 работи што ќе ви донесат успех во животот

Осумте работи што ќе ви донесат успех во животот се следниве:
1601136_598188853602062_1984137709_n
Страст – работи го она што сакаш да го работиш, не работи поради парите.
Работа – напорната работа ги раздвојува просечните од надпросечните, а не среќата.
Квалитет – напредувај колку што е потребно да станеш одличен во својата работа.
Фокусираност – одлучи што и зошто тоа го сакаш и фокусирај ја твојата енергија на постигнувањето на тоа.
Туркање – туркај се себеси психички, ментално, емоционално и на секој друг начин се додека не ја оствариш целта.
Корисен – биди од корист за другите лица, нудејќи им ја услугата која го решава нивниот проблем.
Идеи – креирај одлични идеи, презентирај ги, исполни ги и усовршувај ги.
Издржливост – на патот кон остварување на целта најчесто се појавува разочарувањето, неуспехот, и одбивањето, но издржливоста ќе ти помогне во тоа.

Извор/daily.mk
Види повеќе »

ИНТЕРНЕТ ЗАШТИТА: Сакате некој да ги чисти трагите што ги оставате?!

Сигурно досега повеќе пати сте размислувале за тоа дека е добро да постои некој кој ќе ги чисти трагите што ги оставате додека сурфате на интернет… Епа еве го, постои!

Опцијата за автоматско чистење на историјата не е новина во интернет светот, но ретко кој од корисниците знае за неа. Во продолжение прочитајте како да го направите вашиот пребарувач автоматски да чисти откако ќе го затворите.
  • Google Chrome
Кликнете на иконата на менито во горниот десен агол и изберете “Settings> Show advanced settings …> Privacy” и потоа кликнете на копчето Content settings. Во прозорецот кој се отвори под “Cookies”, изберете го копчето “Keep local data only until you quit your browser”. Притиснете Done во долниот дел на прозорецот, затворете го табот со поставките и тоа е сè.
  • Mozilla Firefox
Кликнете на иконата на менито во горниот десен агол и изберете Options. Потоа во прозорецот што ќе се отвори, кликнете на Privacy. Под History, кликнете на паѓачкото мени до “Firefox will:” и изберете Never remember history.
  • Internet Explorer
Автоматското бришење на колачиња секој пат кога ќе го затворите Internet Explorer не е толку очигледна опција, како што е кај другите два прелистувачи. За да го направите ова, кликнете на иконата во горниот десен агол и изберете Internet Options. Отворете “General”. Под секцијата “Browsing History” оставете го квадратчето чекирано до “Delete browser history on exit”. Ако сакате, можете да кликнете на копчето “Delete” одоздола, за да прилагодите точно што да се брише секој пат кога ќе се затвори Internet Explorer. Кога сте подготвени кликнете “OK” и тоа е сè.
Види повеќе »

Секој има барем една ноќ во која ги истура сите емоции!

Неемотивните предатори барем еднаш заплакуваат посилно од сите други.

И токму така и оние луѓе кои ви изгледаат најсилно, кои не ја тргаат насмевката од своето лице, а животните удари ги поднесуваат без да потклекнат и патетично да лелекаат дека животот е суров, токму тие знаат понекогаш да се склопчат во креветот, да плачат до истоштување и да си ја кубат косата, токму тие после сите стоечки претрпени удари знаат да клекнат пониско од кого било. Нивната снага во тој миг не може да поднесе ниту грам болка, ниту најмало потиснување, ниту зрак неправда повеќе…
Тие од петни жили се борат низ насмевка да страдаат и апсолутно никој да не може да ѕирне што се крие под површината затоа што сметаат дека луѓето имаат доволно свои проблеми за да ги заморуваат со нивните. Често токму поради тоа се перципирани како бесчувствителни, па дури и сурови. Но зошто да се кука за нешто кое мора да биде така како што е предодредено, зошто да се шират негативни вибрации наоколу кога ситуацијата мора да се прифати таква каква што е сервирана и да се продолжи понатаму?
Иако обвинети за неемотивност, овие луѓе се пример за храброст пред другите. Тие се идоли на сите оние размрсулавени девојки кои си дозволуваат да плачат откако ќе одлучат да го остават момчето или на оние момци кои би клекнале и на коленици ако претпоставените го побараат тоа од нив, а да не зборуваме за скршен нокот, скинати хулахопки, продадено последното бројче од омилениот капут… Не, такви баналности не ги допираат ниту во лудило!
Види повеќе »

Еве што мисли Европа за песната на Даниел

Еве што мисли Европа за песната на Даниел

Кратко инфо за неговите досегашни успеси и во врска со песната, но она што е најинтересно се коментарите од европската јавност кои ви ги пренесуваме, а се многу позитивни.
Види повеќе »

Најнеобичните Македонски имиња според завод за статистика

Најнеобичните Македонски имиња според завод за статистика

Некои луѓе ја имале таа несреќа да бидат буквално осакатени од страна на нивните родители, кои на своите деца им давале секакви имиња, при тоа не водејќи грижа за тоа дали со тоа име ќе му го обележат животот засекогаш. Овие имиња навистиа постојат во Македонија и тоа се објавени од заводот за статистика. Нас не ни се верува, а еве зошто:
1. Карфиолка
2. Џингискан
3. Јарго
4. Каранфилко
5. Лимонка
6. Пешкирчо
7. Изворинка
8. Германија
9. Галапчо
10. Маса
11. Микропка
12. Писана
13. Развигорчо
14. Ѕвонче
15. Фивус
16.Кајмакчо
17. Галабинка
18. Марулка
19. Планинка
20. Калист
21. Гродоман
22. Катастрофа
23. Мисирка
24. Собожица
25. Темјаника
26. Бранирод
27. Лустерко
28. Тозо
29. Лигушка
30. Нуца
31. Тиљо
32. Кумјана
33. Лакираде
34. Галабинка
35. Методико
36. Гонца
37. Карма
38. Разменка
39. Спутник
40. Свемир
41. Врпка
42. Пламенко
43. Канаринка
44. Зденка
45. Калеоик
46. Крисула
47. Госпава
48. Веселко
49. Шампион во машка конкуренција – Јамедин (од Џејмс Дин)
50. Шампион во женска конкуренција – Тракторка
Види повеќе »

Зимско сметање - се поместуваат стрелките на часовникот

Летното сметање на времето завршува во ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а стрелките на часовниците се поместуваат еден час назад. Во недела, на 26 октомври, стрелките треба да се вратат еден час назад, односно од 03:00 на 2:00 часот. Така ќе спиеме еден час повеќе.
Зимското сметување на времето почнува последиот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.
Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.
Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.
Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што сметаат дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако се правда со економски пресметки.

Види повеќе »

Како да си направите таен монитор што ќе го гледате само вие


Работите со доверливи податоци? Читате доверливи документи кои не сакате луѓето околу вас да гледаат? Или поточно сакате да истражувате повеќе пикантни интернет сајтови, без да си ја уништите репутацијата пред околните?

Еве како можете да си направите таен монитор кој никој друг освен вас нема да го гледа.

Погледнете што прави познатиот YouTube илузионист Brusspup, за да се постигне овој ефект.

Тој користи стандарден поларизиран филтер кој  што го има секој монитор, за да направи ја содржината на екранот невидлива. Потоа прави специјални очила со истиот поларизиран филтер за да ја дешифрираат сликата. Така сето она што е  на екранот е видливо само за вас. И наместо да изгледате како лудак кој гледа чудни работи на интернет, ќе изгледате како лудак кој зјапа во празен бел екран.


Види повеќе »

Секирарска- Мобилен на час и крути наставници


Воспитно-образовен дијалог. Или каде света да се фаќа.
(фрагмент инспириран од муабет со колешка која ми пренесува како течела дискусијата. Некој град, некое училиште, некој наставник, некој надлежен. Не е важно. Веројатно е така секаде)
– Значи, наставникот е должен за секој предмет кој го предава да испланира 30% од вкупниот фонд на часови и истите да ги реализира со употреба на ИКТ – надлежниот од позиција на наредбодавец.
– Аха. Ако имам 6 програми, како што имам, за сите ли треба така? – наставникот во недоумица
– Обавезно. За сите. 6 ли се, 8 ли се, три ли се, не е важно. Мора така и да си направите годишен план за сите теми и лекции кои планирате да ги реализирате од почетокот на годината до крај – возбудениот надлежен.
– Знаете дека нема компјутери за да се реализира ова вака како што е замислено? И да има, ако секој наставник треба да го реализира тоа што го зацртал, ќе нема да се излегува од кабинетите – збунетиот наставник во обид да наметне логика во муабетот.
– Тоа нас не не интересира. Така е по закон – неумолив надлежен.
– Чекајте сега. Има предмети за кои едноставно нема потреба од толкава застапеност на ИКТ. Настрана фактот дека да речеме, има кабинети со по 5 компјутери кои работат. И? – упорниот наставник логичар.
– Е ако де. 5 – 5. А ич па? Ќе си ги уклучите и децата ќе си застанат еден до друг и ќе си гледаат во монитор тоа што сте го подготвиле – надлежниот со волшебни идеи.
– Молам? Тоа ли му дојде ИКТ во наставата? – подзинатиот наставник.
– Веројатно сфаќате дека не е можно да се реализираат часовите така како што ќе напишам. Или само треба да ги имам? – полека веќе загубениот наставник.
– Ти да си имаш испланирано. Најважно е тоа. За реализацијата ќе се снаоѓаш. Ете, што па сите сте запнале со тие компјутери. Секое дете има мобилен, сега па и многу модерни се. Ќе си се вклучи на интернет на час и може содржината за тој ден и така да ја совлада – надлежниот со се повисока доза на креативност.
– Мобилен на час? Молам? Еми нели е забрането, им читавме да децата кодекс на однесување според кој ќе се казнуваат ако го користат мобилниот на час? – наставникот во очај.
– Е добро де, зависи од ситуацијата. Што сте вие па крути наставниците. Ако сакате да работите, ќе најдете начин. Ако не сакате, ќе барате изговори – надлежниот кој не знам како да го наречам во моментов.
Наставникот ја напушта канцеларијата и си вели: „Ок, утре е петок. Ќе здивнам малку. После ќе средам се што треба.”
Надлежниот не знам кај отиде.
Eлизабета Секирарска,професор
Види повеќе »

Apple: iPhone 6 и 6 Plus од 31 октомври достапни во Македонија

Apple  соопшти дека најновите смартфони iPhone 6 и 6 Plus од овој месец ќе бидат достапни меѓу 36 нови држави во светот меѓу кои е и Македонија, каде промоцијата треба да се случи на 31 октомври.
Со тоа достапноста на новиот уред ќе се зголеми на 69 држави до крајот на месецот, а планот е до крајот на годината популарниот смартфон да биде достапен во вкупно 115 земји.
Овој петок телефонот ќе се појави на пазарот во Кина, Индија и Монако,
Покрај во Македонија, новите смартфони на Apple од 31 октомври ќе бидат достапни и во Албанија, Босна, Хрватска, Грција,  Црна Гора, Србија, Словенија и уште неколку други држави во светот.
Повеќе информации може да прочитате на сајтот на Apple.

Види повеќе »

Google ги претстави Nexus 6, Nexus 9 и OS Android Lollipop

Google синоќа претстави два нови уреди и новиот оперативен систем. Станува збор за фаблетот Nexus 6 што Motorola го произведе за Google, таблетот Nexus 9, како и оперативниот систем Android Lollipop.




Nexus 6 и Nexus 9 се првите уреди кои ќе го користат новиот оперативен систем Android 5.0 Lollipop, што претходно беше најавен како Android L.
Nexus 6 има 6 инчен Quad-HD екран со резолуција од 2560x1440 пиксели со густина од 493 пиксели по инч. Во телефонот се вградува Qualcomm Snapdragon 805 процесорот со работен такт од 2,7 GHz и четири јадра, а располага со батерија од 3220mAh. Камерата има 13 мегапиксели. Нарачките ќе бидат отворени од крајот на месецов, а продажбата ќе стартува од следниот месец.
Таблетот Nexus 9 располага со 8,9 инчен екран, 2,3GHz 64-битен Nvidia Tegra K1 процесор и батерија од 6700mAh. Ќе бида достапни две верзии со 16 и 32 GB.
Оперативниот систем Android Lollipop носи различни подобрувања во визуелниот дел како и промени во корисничкиот интерфејс, што Google го нарекува Material Design. Платформата има нови пофлуидни анимации, почист дизајн и похрабар пристап кон боите, ново мени за мултитаскинг и нуди нови можности за гласовни команди.
Lollipop има и нови контроли за нотификациите кои овозможуваат нивно ограничување за време на состаноци, нов мод за зачувување на батеријата кој може да извади до 90 минути повеќе меѓу двете полнења, можности за повеќе кориснички профил како и профил за гости, како и нови мерки за безбедност на уредот.
Покрај овие работи Google го претстави и Nexus Player кој е уред за стримување на разни содржини.
Види повеќе »

Македонија во чекор со светот: паметните табли достапни и кај нас!

Напредокот на технологијата и интерактивните комуникации забрзано го движат развојот на економиите, образованието и комуникациите во светот. Македонија, иако мала земја, отсекогаш се движи паралелно со светскиот технолошки развој, благодарение на интересите и отвореноста на пазарот за напредни технологии.
Од неодамна и на македонскиот пазар за прв пат се понудени светски познатите паметни табли Smart Boards.  Паметните табли (Smart Boards) се канадски производ кои го освоија светот поради мултифункционалноста што ја нудат.
Според карактеристиките и функционалноста, Smart Boards истовремено претставуваат: проектор и платно, екран, компјутер и табла. Со овие карактеристики, паметните табли Smart Boards наоѓаат широка примена во образованието, бизнис заедницата , па дури и во домаќинствата, заменувајќи ја целосно улогата на домашно кино.

Види повеќе »

Цела естрада во Штип ќе пее за д-р Бојаџиева

Организаторот на настанот Миро Кацаров открива дека освен средствата од влезниците кои ќе чинат симболични 100 денари, ќе бидат донирани и средствата собрани од продажба на пијалаците.
Најпотребно на човекот му е човековата подадена рака. Раката што нуди топлина, сочуство, братство. Секогаш кога ќе сме во ситуација некому да му подадеме рака за спас да му ја подадеме, зашто само човекот може да му помогне на човекот. Затоа да бидеме сите братски расположени, да го понудиме она што во природата на човекот го има - добрината, сочувствувањето и да помогнеме со скромни средства нашата драга сограѓанка д-р Евица Бојаџиева повторно да испраќа здрава насмевка кон своите најблиски, но и кон светот што во овој миг на болка братски ја прегрнува - се вели во поканата за големиот хуманитарен концерт закажан следниот петок во штипскиот клуб Мистик. 
Дел од најголемиот хуманитарен концерт досега организиран во градот под Исарот (на 23 октомври) ќе бидат Урош Туркулов од Икс Фактор, Тони Зен, Роберт Билбилов, Димитар Андоновски, Александар Белов, Влатко Илиевски, Зои Блаж, Емил Арсов, Коки со Тајфата, Маја Вукичевиќ, Дарко Илиевски, Зоран Илиев и групата Дрти Сајс ...
Организаторот на настанот Миро Кацаров открива дека освен средствата од влезниците кои ќе чинат симболични 100 денари, ќе бидат донирани и средствата собрани од продажба на пијалаците. Собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето и операцијата што треба да се изведе во Кина.
Види повеќе »

На светот веќе има повеќе паметни телефони отколку луѓе

За прв пат бројот на активни мобилни уреди кои ги определуваме како „паметни”, го надминува бројот на луѓе што живеат на планетата, пишува CNET.
Според статистичката служба на САД во моментов на Земјата живеат 7,2 милијарди луѓе, со тоа што оваа бројка расте со двајца луѓе во секунда или со 1,2 проценти годишно.
Податоците на компанијата за анализа на мобилниот пазар GSMA покажуваат дека во моментов на глобално ниво функционираат над 7,2 милијарди SIM картички и бројката расте пет пати побрзо од светското население. И додека активните SIM картички се повеќе од луѓето, помалку од половина жители на планетата имаат мобилна претплата, што значи дека на секој активен претплатник доаѓаат по приближно две картички.
„Нема друга технологија која што го постигнала ефектот на мобилните телефони. Тие се најбрзо растечкиот феномен, создаден од човекот – од нула до 7,2 милијарди за три децении “, вели Кевин Кимберлин, претседател на Spencer Trask & Co.
Компанијата на Кимберлин е првичниот инвеститор во Millicom,  фирма која работи за да обезбеди мобилни поврзувања во земјите во развој со помош на партнерства со гиганти како Facebook.

Види повеќе »

Пет работи што треба да ги знаеме ако сме меѓу 20 и 30 години

Кога си на 20, ти се чини дека пред тебе се простира еден весел и непречен живот. Со тоа чувство ги доживуваш наредните десетина години, уживајќи во младоста. И одеднаш, еден убав ден, на вратата тропаат 30-тите.
Тогаш сфаќате дека сте можеле да направите многу повеќе.
Еве што треба да знаеме за периодот меѓу 20-тите и 30-тите години.
Најважната деценија
Една од најголемите грешки на новиот милениум е дека возраста од 20 до 30 се смета за време кога „можеш да си поживееш”. Здравје, многу сила, многу забава – и ни се чини дека ова ќе трае вечно. Оваа позиција сепак е лажна. Научниците докажаа дека 80% од судбоносните настани во човечкиот живот се случуваат пред 35-годишна возраст. Две третини од растот на приходите се случуваат во првите 10 години од кариерата. До 30-годишна возраст повеќе од половина луѓе стапуваат во брак, почнуваат да излегуваат или да живеат со својот иден сопатник во животот. Личноста ни се менува најактивно од 20 до 30 годишна возраст. Не е за пропуштање и фактот дека репродуктивните способности на жените го достигнуваат својот врв околу 28 годишна возраст.
shutterstock_99063752

По 30 ќе заживеете вистински!
Постои еден интересен мит, кој ги гони луѓето помеѓу 20 и 30-годишна возраст. Тие мислат дека по 30 животот брзо се менува и станува многу поубав отколку што е на 20. Ни се чини дека ако во нашите животи на 20 – 30  не сe случува ништо интересно, тогаш тоа ќе се случи по 30-тата. Размислуваме  дека сè што е интересно доаѓа подоцна. Истражувачи од Бостонскиот и Универзитетот на Мичиген  анализирале стотици приказни напишани од познати луѓе во крајот на земскиот пат. Станало јасно дека важните настани се случуваат од раѓањето до самата смрт, но оној дел што го одредува целиот тек на подоцнежниот  живот, доаѓа токму во периодот од 20 до 30 години.
l (1)

Што всушност се случува по 30?
Ако не се изгради некаква почетна платформа за себе до 30, не чека една многу тажна и тешка деценија. Кога го одложувате сето тоа за подоцна, по 30-тите на плеќите ни лежи огромен предизвик – да успееме во некаква дејност, да се најде партнер и да родиме деца, да заработиме пари и да си купиме куќа, да основаме бизнис или да напредуваме во службата – и сето тоа во многу кратки рокови. Многу од овие задачи се практично некомпатибилни – освен тоа по 30-тата станува многу потешко да се направи сето тоа истовремено.
30th-birthday-640x325

Најдобро време за кариера
Најважните настани во кариерата, колку и да е чудно, се случуваат токму во овој период. Околу две третини од зголемувањата на платата што доаѓаат во првите 10 години од професионалната дејност. На 20 и нешто  луѓето често мислат дека имаат уште десетици години, во кои би можеле да заработуваат повеќе и повеќе. Тоа најчесто се само соништа. Имено, оние кои ја почнуваат доцна кариерата, ретко успеваат да го надминат јазот што ги дели од оние кои стапиле порано на таа скала.
11
Сериозен пристап кон врските
Ако градењето на кариера може да се спореди со игра на блек џек (кога треба да ги гледаш картите, за да земеш решение; да играш со две раце, а истовремено со тоа да не ги забораваш тековните резултати; кога треба да си подготвен да ризикуваш), изборот на партнерот во животот личи на тоа да отидете на рулет и да ги ставите сите ваши жетони на црвено. Од едно решение зависат сите подоцнежни страни на зрелиот живот. Парите, работата, начинот на живот, семејството, здравјето, пензијата и дури смртта – сè веќе станува трка по трчање во парови, во кое ногата на едниот маратонец е приврзана за нозете на другиот. Затоа, кога на 20 го одложуваме развивањето на сериозна врска, вреди да разбереме дека на 30 ова ќе биде многу потешко. Неактивноста во периодот меѓу 20 и 30 години е опасна.
02

Од книгата „Важните години” на Мег Џеј
Види повеќе »

Tornado 348 – најтенкиот паметен телефон во светот, што ќе ја покорува Европа



Со новиот предлог Tornado 348, британската компанија Kazam ќе ја покорува Европа – запознајте се со смартфонот, кој подава рака кон титулата „најдобар тенок телефон во светот”.
Уредот е со дебелина едвај 5.15 мм и конкурира на досегашните лидери во овој поглед – Elife S5.5 и Elife S5.1 на кинескиот бренд Gionee, кои се соодветно 5.55 и 5.15 мм.
За споредба iPhone 6 пример е со дебелина 6,9 мм, па Tornado 348 очигледно ќе е навистина многу тенок.
Колку точно оваа карактеристика е важна за потрошувачите е прашање вредно за дискусија, но уредот сигурно изгледа прилично елегантно. Смартфонот доаѓа со 4.8 инчен Full HD дисплеј, 8-мегапикселна камера и моќен осмојадрен MediaTek процесор. Логично Kazam ќе го пушти телефонот прво во Велика Британија во средината на ноември, а цената ќе достигне до 249 фунти.
KAZAM-Tornado-348
Интересен факт е дека Kazam е основана во јуни 2013 година од страна на двајца поранешни вработени на тајванската компанија HTC. Иако седиштето на фирмата е во Лондон, голем дел од вработените се во Кина, каде што се произведуваат и смартфоните кои што Kazam ги продава.
Амбицијата на компанијата е да стане достојна конкуренција на големите играчи во индустријата на европскиот пазар – дали предлог како Tornado 348 ќе помогне за постигнување на оваа цел, останува да видиме.
Види повеќе »

Ги искористија сите слабости на iPhone – Samsung не се витка!

Аферата околу свиткувањата на  iPhone 6 Plus изгледа нема крај. Samsung беа меѓу првите кои не пропуштија шанса да се пошегуваат на сметка на Apple, а подоцна голем број на компании (од различни бранши) исто така се вклучија.
Корејската компанија лансираше ново видео кое покажува како се справува Galaxy Note 4 во стандардната 3-точка, тест за виткање, како и во тестови, со цел да ја симулираат максимално секојдневната потрошувачка на уредот.
Во видеото, се разбира, не се споменува ништо за iPhone 6, но е повеќе од јасно дека токму #bendgate е причината за новата реклама. Во вториот дел од тестовите специјална машина симулира „случајно седење” на смартфонот. Според тврдењата дел од свиткувањата на iPhone 6 се случиле токму во слични околности. Кај  тестот користената сила е 25 kgf или 250 N. Сите тестови се повторени неколку пати пред конечната оцена. Galaxy Note 4, се разбира, се справи успешно со тестовите.
Всушност во појавата на видеото има одредена логика. Бидејќи Samsung Galaxy Note 4 има речиси идентични димензии со оние на iPhone 6 Plus – со разлика од околу 1 милиметар, корисниците логично би имале сомневања за неговата цврстина. Корејската компанија сепак излезе пред потенцијалните сомнежи доста категорично. Според Samsung причината лежи во фактот дека Note 4 користи магнезиум, кој во комбинација со алуминиумската рамка дава меѓусебна поддржувачка во конструкцијата. Всушност магнезиумот  се користи при правење на повеќето напредни паметни телефони, но недостасува кај iPhone 6 Plus. Apple најверојатно ја донеле оваа одлука со цел да ја намалат големината на уредот, но за тоа „платија висока цена“.

Види повеќе »

Дали е вистина дека гледањето во монитор е лошо за очите?

Во ера во која значаен дел од времето минуваме пред монитор, очите водат тешка борба за да се приспособат. Или не?
Всушност, не постои директен доказ дека телевизорите, компјутерите или мобилните телефони предизвикуваат кусогледост. А сепак, сеуште постои стравот од осветлените монитори. Познато е дека нашите очи ја прилагодуваат формата со цел да се фокусираат на „блиските нешта“, како при печатениот текст или дигиталните екрани, па логично е што тврдењето дека подолгото читање може да предизвика трајна штета звучи убедливо и е прифатено од најголем дел од луѓето. Кетрин Роуз од универзитетот во Сиднеј е на страната на фактите и смета дека тезата не е аргументирана.
960x540[1]
Сепак, имајќи го ова во предвид, долгото гледање во монитор може да предизвика неудобност. Така смета Марк Розенфилд, од Државниот универзитет на њујорковиот Колеџ за оптометрија, кој во својата лабораторија спроведе студија врз репрезентативен примерок од канцелариски работници. Околу 40 проценти од нив пријавиле симптоми на замор на очите (печење на очите, иритација, деконцентрација, суви или влажни очи, поматен вид, главоболка, зголемена чувствителност на светлина). Симптомите биле присутни во најмалку половина од времето додека работниците биле „на должност“, седејќи пред канцелариските компјутери. Оваа состојба, Розенфилд ја нарекува „Computer Vision Syndrome“.
Staring-at-screen-all-day-can-damage-your-eyes[1]
Но, Розенфилд не смета дека јадрото на проблемот се мониторите, туку ситниот принт и краткото растојание помеѓу нашето око и материјалот што го читаме. Смартфоните и таблетите можат да ги влошат симптомите на очен замор, затоа што типично ги држиме поблиску до нас и подиректно пред нас, за разлика од книгите, на пример. Сеедно, вистинските причини за CVS остануваат мистерија. „Немаме добар увид во скриените причини што ги предизвикуваат симптомите“, вели Розенфилд.

Види повеќе »

Брусницата, уништувач на бактериите Eшерихија коли и Хеликобактер пилори

Ретко која билка има плодови како брусницата, која е природен антибиотик. Плодовите се богати со различни минерали, витамин А, витамин Ц, како и билни влакна. Црвената тврда брусница  има киселкаст вкус поради богатото количество на витамин Ц.
Освен тоа брусницата како лековита билка е позната веќе многу одамна.
Од листовите и плодот се прават лековити чаеви, во свеж облик од неа се прават сокови, плодовите можеме да ги чуваме замрзнати или да ги сушиме, а однив можеме да припремиме џемови и вкусни намази и разноврсни слатки.
Со брусницата внесена во телото  ги уништуваме штетните бактерии и габите. Брусницата може да спречи појава на уринарниот тракт, поготово кога станува збор за бактеријата ешерихија коли, која е многу отпорна на антибиотици.
Исто така уништувачки делува на бактеријата хеликобактер пилори, која предизвикува чир на желудник и ги намалува појавите на болестите на забите и непцата. Брусницата го намалува и стресот и многу е значајна за превенција кај кардиоваскуларните болести ( срце и крвни садови ).


Види повеќе »

Фото: Најмладиот хакер на светот

Неговото име е Венг Џенгјанг (13) и вели дека немал намера да направи нешто лошо, туку само сакал да „провери дали училишниот компјутерски систем има некои слабости“.
Иако е во основно училиште, Џенгјанг соработува со Синхуа Универзитетот во Пекинг, а на овогодинешната конференција за безбедност на интернет бил еден од главните говорници.

Го викаат „чудо од дете“, а освен што провалил во училишниот систем, успеал да провали и сајт на една он-лајн продавница и да ја намали цената на еден производ од 2500 јуани на 1 јуан.

-Немав никаква корист од тоа, се работи за домашна задача за средношколци, објаснил Венг. Ништо не искористил ни од хакирањето на он-лајн продавницата, веднаш ги известил за промената на цената и ништо не купил.

И додека едни го сметаат за гениј, има и такви кои го критикувале за „ненормалните“ постапки.

-Неморални се оние кои хакираат сајтови за да профитираат. Јас никогаш не сум го користел својот талент за лоши работи. Едноставно трагам по „дупки“ и пресреќен сум кога ќе ги најдам, објаснил тинејџерот.

Џенгјанг има неколку профили на социјалните мрежи, а совети за сигурност на интернет редовно споделува со другарите од класот, но и со професорите.

Види повеќе »

Пет генијални цитати од Бил Гејтс


Бил Гејтс, вториот најбогат човек на светот според Форбс, 1975. година ги напуштил студиите на Харвард и со Пол Ален го основал Мајкрософт, а 12 години подоцна, со 32 години стана најмладиот милијардер на светот. Денес неговото богатство се проценува на 79,6 милијарди долари.

Неговиот живот е доказ дека оптимизмот и сонување на неостварливи соништа може да доведе до голем успех.

Низ овие пет цитати ѕирнете во умот на генијот кој во исто време е еден од најбогатите и еден од најдарежливите луѓе на светот. 

1. Успехот е лош учител. Ги заведува паметните луѓе да мислат дека неможат да изгубат.

2. Не се споредувајте себеси со никој на светот. Ако го правите тоа, се навредувате себе.

3. Вашите најнезадоволни клиенти се највреден извор на информации кои морате да ги знаете.

4. Бидете добри со бубалиците. Постојат големи шанси на крајот да работите со некој од нив.

5. Животот не е чесен, навикнете се на тоа!
Види повеќе »

Дали е ова новиот iPad Air?

Apple би требало по промовирањето на iPhone 6, наскоро да го претстави и новиот iPad Air, а според некои информации тоа ќе се случи во текот на следната недела. На интернет веќе се појавија фотографии за кои тврдат дека го покажува изгледот на следната генерација на познатиот таблет компјутер.
 Информациите велат дека новиот iPad Air ќе биде за пола милиметар потенок од актуелната генерација, што ќе го доближи до iPhone 6 и iPhone 6 Plus. Таблетот би требало да добие и уште неколку решенија од смартфоните на компанијата - па ќе има зголемени копчиња за силина на звукот, а Home копчето ќе го добие Touch ID сензорот.






Види повеќе »

Кои се најскапите автомобилски марки во светот?


Interbrand’s Best Global Brands ги одреди 100-те најскапи марки и за оваа година.
На ранг листата на 13 позиции фигурираат автомобилски компании.

Со највисока оценка (42.4 милијарди долари) и со раст од речиси 20% во однос на минатата година е Toyota. Гигантот се подредува на осмата позиција во вкупното рангирање, каде лидер е Apple, чија проценка на вредноста е 118.863 милијарди долари. На второ место кај автомобилнити, односно на 10 во генералниот пласман е Mercedes-Benz со оценка од 34.3 милијарди и раст од 7,6%, во однос на минатата година. Третата позиција, со оценка од 34.2 милијарди и раст од 7,5%, е за BMW.

Во Топ 100 на Interbrand’s Best Global Brands влегуваат уште Honda (21,7 милијарди долари, +17.2%), VW (13.7 милијарди, +23.3%), Ford (10,9 милијарди, +18.5%), Hyundai (10,4 милијарди, +15.6%), Audi (9.8 милијарди, +26.6%), Nissan (7.6 милијарди, +22.9%), Porsche (7.2 милијарди, +10,8%), Kia (5.4 милијарди, +14.6%), Chevrolet (5.0 милијарди долари, +10.0%) и дебитантот во рангирањето Land Rover со оценка од 4,5 милијарди долари.
Види повеќе »
Blogger Widgets